Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид.
Учесниците на Школата ги поздрави директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, им заблагодари за интересот за учество и учење на мајчиниот јазик и им посака пријатен и незаборавен престој во татковината.
извор: Канал 5 фото: архива








