Берлин, 4. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остоич покажа пред медиумите во Берлин флаери кои мигрантите ги добиваат на територијата на Грција.
На летокот има карта со маршрутата, која треба да ја користат мигрантите при движењето кон Западна Европа.
– Грција им раздава карти на бегалците, на кои се испишани имиња на градовите каде треба да се упатат. Хрватска е наведена како земја од маршрутата, а Унгарија како држава која е недостапна. Овде станува збор за она за што зборуваме и постојано го повторуваме. Ова е организиран процес кој се одвива, рече Остоич.
Од 16-ти септември до вчера над 110 000 мигранти поминале од Србија во Хрватска.
Денес властите во Загреб очекуваат Унгарија официјално да ја затвори границата со Хрватска. Вчера заврши изградбата на ѕидот и поставувањето на симултаната жица по заедничката граница.
Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ отворено ја обвини владата во Атина за тешката криза. (Крај)
извор: novinite.gb фото: архива
