Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската кардиолошка болница утре со бесплатни прегледи на граѓаните ќе го одбележи Светскиот ден на хипертензија

Охридската кардиолошка болница утре со бесплатни прегледи на граѓаните ќе го одбележи Светскиот ден на хипертензија

Охридската кардиолошка болница утре со бесплатни прегледи на граѓаните ќе го одбележи Светскиот ден на хипертензија

Охрид, 16. мај 2024 (ИНПРЕС) – ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид и годинава се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата, како една од активностите со кои придонесува во превенција на кардиоваскуларните заболувања.

Утре во периодот од 12:00 до 15:00 часот на два означени пунктови поставени по кејот на Охридското Езеро ќе се мери крвен притисок и ќе се делат совети и информативни материјали.

Годинава го потенцираме значењето на физичката активност во превенцијата од кардиоваскуларен настан и мозочен удар, со потикнување на граѓаните на физичка активност и придржување кон препораките за превенција или терапијата доколку се веќе дијагностицирани, велат од болницата и додаваат дека ќе бидат вклучени и нивни пациенти кои се на стационарна кардиорехабилитација.

Настанот го организираат заедно со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.

Хипертензијата (покачен крвен притисок) согласно податоците на Светската здравствена организација, е одговорна за 7.6 милиони смртни случаи годишно на светско ниво (13.5% од вкупниот број смртни случаи),повеќе од било кој друг ризик фактор. Околу 54% мозочни удари и 47% од коронарната артерриска болест се предизвикани од покачен крвен притисок. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Со специјална радио емисија и дарување крв, водителот Жанко ЗШ Голабоски го прослави роденденот
Next Се санира објектот „Маларична“, ќе се обезбедат подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.