Скопје/Охрид, 12. април 2023 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари средба со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
На средбата биле разменати информации за тековните и планираните активности на локалната самоуправа,
– Министерката Шукова информираше за начините на кои министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина со посебен акцент за заштитата на УНЕСКО, преку тековните Програми на министерставото, како и важноста на проактивното учество на општината во идните активности кои ќе се спроведуваат во рамките на регионален проект за цврст отпад, информираат од ресорното министерство. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива






