Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу денес и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу денес и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

1 min read
Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу денес и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Охрид, 14. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ денеска и утре настапуваат на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ што ќе се одржи во Спортската сала на Средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Ова е четврто издание на меморијалниот турнир, кој од година во година добива се’ поголема репутација. Покрај домашните, македонски боксери, учество ќе земат боксери од уште 13 држави: Италија, Романија, Молдавија, Полска, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Австрија и Словенија.

– Добиваме се’ поголем публицитет, не препознаваат по квалитет, па и се’ повеќе учесници се пријавуваат и земаат учество на овој турнир. На пример, медиумски покровител на настанот е Арена фајт каналот, кој ќе го пренесува во живо финалниот меч. Очекуваме дека и ова година се’ ќе биде во ред, а петгодишниот јубилеј следната година да го прославиме уште помасовно. Тоа секако зависи и од финансиската помош од општината, се надеваме дека ќе се зголемат средствата кои се издвојуваат за одржувањето на овој турнир, кој се покажа како репрезентативен за Куманово, истакна Самет Салиевски, координатор на турнирот и селектор на боксерската репрезентација.

Организатор на турнирот е Боксерскиот клуб „Куманово-84“ со поддршка на Боксерската федерација на Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес/kumanovonews.mk фото: kumanovonews.mk

Post navigation

Previous „Running Away“, нова трака на охридскиот диџеј и продуцент Ербил Џемоски
Next Во недела годишен концерт на студиото за танц „Соната“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.