Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни

Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни

1 min read
Охрид авионски се поврзува со Вроцлав и Катовице – летовите почуваат од 7 односно 9 јуни

Охрид, 2. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Стартуваат најавените авиолинии од Охрид до два полски градови со компанијата Wizz Air.

Од недела, 7. јуни започнуваат летовите до Вроцлав, додека од вторник, 9. јуни до Катовице, а предвидени се по два летови неделно за секоја дестинација.

Од охридскиот аеродром, со летниот распоред на летање, 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови. Од 21 јуни, Аустриан ерлајнс има најавено дека ќе почне да лета од Охрид до Виена.

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1.202.828 патници

Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во четврток во црквата „Св. Софија“
Next Водостојот на Охридското Езеро за 6 сантиметри над јунскиот просек

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.