Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид доби контејнери за собирање на ситен електронски отпад

Охрид доби контејнери за собирање на ситен електронски отпад

1 min read

Охрид, 19. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Охрид доби контејнери за собирање на ситен електронски отпад.

Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ од Скопје во соработка со Општина Охрид и JП „Охридски комуналец“ достави вкупно 10 вакви контејнери, распоредени на повеќе локации низ градот.

– Во соработка со Општина Охрид и јавното комунално претпријатие доставени се вкупно десет контејнери. На самите контејнери е наведено што сѐ може да се одлага во нив: електричен и електронски отпад, батерии, акумулатори, мобилни телефони, мали куќни апарати…, а објаснета е и постапката за депонирање на отпадот. Важно е да се напомене дека контејнерите не се наменети за одлагање на комунален отпад, секојдневен отпад од домаќинставата, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали, информираат за Супер радио и InPress од „Нула отпад“.

Што се однесува до одлагање на големите електронски уреди на располагање стои еко линијата, граѓаните со јавување на телефонскиот број 070/236 – 000 ја пријавуваат локацијата и ваквиот отпад бесплатно ќе биде подигнат од нивниот дом.

Со ова се прави значаен чекор во напорите за промоција на одржливоста и заштита на животната средина.

Од „Нула отпад“ за следната недела најавија одржување на еколошка едукација во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, за ученици од трето и четврто одделение. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Пресушија Билјанините извори, препознатливиот симбол на Охрид
Next Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.