Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид домаќин на првиот турнир од Јадранската Текбол лига, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Охрид домаќин на првиот турнир од Јадранската Текбол лига, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 3. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Оваа сабота, 8-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на првиот турнир од новата Јадранска Текбол лига. Најдобрите текери од регионот ја започнуваат битката за „Јадранска круна“ во бисерот на Република Македонија.

Покрај претставниците на пет земји од регионот Република Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, предвидени се посебни покани за текерите од останатите земји од Европа, а претставниците од Грција ќе бидат специјални гости во Охрид.

На натпреварот ќе учествува и еден од нашите најдобри текери, македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиновски. Тој не ја крие радоста и задоволството што конечно неговиот спорт доаѓа во неговиот град.

– Среќен сум што во мојот роден град за првпат ќе се одржи турнир во teqball, спорт со кој се занимавам веќе пет години. Се надевам дека ќе стане традиција Јадранската лига во teqball секоја година да стартува од Охрид. Воопшто не се сомневам дека Охрид и охриѓани ќе се покажат како вистински домаќини, дека ќе ги исполнат трибините и ќе уживаат во играта на најдобрите играчи од регионов, вели Пејчиновски, кој освен за македонската репрезентација, активен е и на клупско ниво, член е на новосадскиот клуб „Лиман“, а има учествувано на 30-на турнири низ цела Европа.

Охрид, град со богата историја, што ги спојува културите, кој повеќе од 40 години e на листата на светско наследство на УНЕСКО, со Охридското Езеро како македонско море, е совршено место за teqball. Овој урбан спорт што може да се игра и во сала и надвор е идеален за промоција на убавините на Охрид, ама е важен и за промовирање здрав животен стил.

– Општина Охрид дава силна подршка на спортот! Предизвикот да бидеме домаќини на Јадранската teqball лига без двоумење го прифативме. Можеби се работи за спорт за кој сѐ уште кај нас нема многу информации и не е развиен, но знаеме дека во земјите од опкружувањето и во светот бележи голем раст и популарност. Затоа го сакаме и во нашиот град, не само да го имаме за време на турнирот од Јадранската лига, туку и да се отпочне со тренажен процес на млади категории. На задоволство на сите охриѓани и бројните туристи кои ќе се во Охрид во периодот на Јадранската лига ќе имаме можност како општина и заедно со ГФК Охрид Лихнидос како технички организатор и со одговорните на Јадранската лига пред сѐ на Милорад Шутуловиќ на кој сме благодарни што го избра Охрид како домаќин, да уживаме во мајсториите во teqbal играта што ќе ги покажат учесниците кои доаѓаат од седум различни држави.

Се надевам дека, како и секогаш, ќе сме одлични домаќини и овој турнир да прерасне во традиција. Добредојдовте во Охрид, градот кој е „Ерусалим на Балканот“, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

На првиот од петте планирани турнири на Adriatic Teqball League (АTL) за оваа година, ќе се игра во две категории, машки сингл и машки парови, а предвидениот награден фонд е 2.000 евра. Натпреварот ќе се одржи во две фази, една во во салата „Билјанини извори”, а другата фаза на градскиот кеј Македонија.

Учеството на турнирот е бесплатно, а пријавувањето се врши на официјалната инстаграм страница на лигата – @adria_teq.

Покрај турнирот, во рамки на АТL, ден претходно, во петок на 7-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на регионалниот семинар за судии, а присутните ќе добијат шанса да станат помошни судии. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Next Охридски борци во Бразилско Џиу Џицу се вратија со четири медали од Меѓународното првенство ADCC Macedonia Open

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.