Охрид, 11. август 2023 (ИНПРЕС) – На денешен ден во 1987 година во Охрид почина Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател.
Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Кенгурски скок“, „Макавејски празници“ и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.
Роден е во селото Велгошти, на 13-ти август 1936 година.
извор: ИнПрес фото: архива