Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

1 min read
Охрид се сеќава на своите великани: На денешен ден Атина Бојаџи го преплива Ла Манш

Охрид, 9. септември 2023 (ИНПРЕС) – Денешниот ден засекогаш ќе остане запаметен во спортската историја на Република Македонија, а особено на Охрид, како денот кога најславната македонска пливачка, Атина Бојаџи во 1969 година, го започна подвигот и го преплива каналот Ла Манш.

Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“.

Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути. Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри-Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида-Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет.

Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасност, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан.

Atina-Bojadzi-na-La-MansИ, потоа, во 1969 година следи врвот на нејзината кариера со испливувањето на Ла Манш. По враќањето во Македонија, и беше приреден незаборавен пречек во нејзиниот Охрид…

„Тоа беше неверојатен пречек, како се приближувавме кон Охрид, колони луѓе беа покрај патот почнувајќи од селото Косел па се до центарот на Охрид. Ми се чини како целиот град да беше излезен на улици и не поздравуваше.

Се сеќавам на гласот на син ми, кој беше со мене во автомобилот во кој се движевме, кој низ плач прашуваше: ‘Мамо, кои се овие луѓе? Што е ова?’“ – ќе изјави во едно свое интервју Атина Бојаџи, потестувајќи се на таа 1969 година.Тој нејзин успех шест години потоа е овековечен во филмот на Александар Ѓурчинов, „Исправи се Делфина“, каде Атина ја глуми Неда Арнериќ.

Во 1998 година. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Атина Бојаџи и го доделува признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весник „Утрински весник“ ја прогласи за спортист на векот.

Во чест на „хероината од Ла Манш“ стадионот во рамките на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го носи името „Атина Бојаџи“.

извор: ИнПрес/Екипа.мк фото: архива

Post navigation

Previous Преподобен Пимен Велики
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.