Струга од дрон река Црн Дрим
Струга, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата, а во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга.
– Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, соопштија од обвинителството.
Додаваат дека при увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје, а ќе бидат преземени и други дејствија на проверки. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
