Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Папата одби да се сретне со Хашим Тачи

Папата одби да се сретне со Хашим Тачи

1 min read

Приштина, 14. септември 2014 (ИНПРЕС) – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск го одбил барањето за средба со премиерот на Косово Хашим Тачи.

Тачи побарал да биде ставен на листата со официјалните лица кои ќе бидат во друштво на папата за време на неговата посета на Албанија следната недела, објави приштинскиот весник „Експрес“. Според истиот извор, „Ватикан го отфрлил ова барање“. Светиот отец ќе пристигне во Тирана на 21-ви септември.

Првиот претседател на независно Косово Ибрахим Ругова беше познат по блиските врски со Ватикан. Тој имаше и бројни средби со претставници на Римокатоличката црква, вклучувајќи го и папата.

Во моментов Тачи е премиер во оставка. Осомничен е за учество во злосторства за време на војната во Косово, кога тој раководеше со Ослободителната војска на Косово. (Крај)

извор: Експрес фото: архива

Post navigation

Previous Автобуска несреќа во Турција, загинаа 13. лица
Next Две жртви од поплавите во Словенија

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.