Ватикан, 1. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Папата Франциск ќе го посети главниот град на БиХ Сараево на 6-ти јуни.
Во „градот маченик“ од конфликтот на Балканот во 90-тите години, тој ќе одржи проповед за мир и за меѓурелигиски дијалог.
Папата Француск беше поканет во Сараево уште минатата година по повод 100-годишнината од убиството на надвојводата Франц Фердинанд Австриски, што беше директен повод за избувнување на Првата светска војна.
Ова ќе биде втора посета на папата на Балканот по онаа на Албанија од неодамна. (Крај)
извор: АФП фото: АП







