Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • „Паркирај совесно-паркирај одговорно“, кампања за подигнување на степенот на сообраќајната безбедност

„Паркирај совесно-паркирај одговорно“, кампања за подигнување на степенот на сообраќајната безбедност

1 min read
„Паркирај совесно-паркирај одговорно“, кампања за подигнување на степенот на сообраќајната безбедност

СВР Охрид кампања безбедно паркирање

Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера започна со реализација на сообраќајно едукативната кампања „Паркирај совесно-паркирај одговорно“.

Полициските службеници, на повеќе сообраќајници во градот констатираа неправилно паркирани и оставени моторни возила на коловозните ленти, со што значително се нарушува нормалното одвивање на сообраќајот и се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На возачите им укажаа на сторениот прекршок, ги запознаа со дел од казнените одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај, според кој казната за паркирање на коловоз на крстосница формирана од две улици, изнесува 180 евра, на тротоар е 45 евра, а на коловозна лента, казната изнесува 40 евра.

– На возачите им беше поделен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот. Целта на кампањата, која е спроведена во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), е подигнување на степенот на безбедносната култура кај возачите, а со тоа и подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид и додаваат дека кампањата ќе биде спроведена на целото подрачје на Секторот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Michael Kiwanuka со сингловите „Lowdown Part I и II“го најави новиот албум „Small Changes“
Next ОХРИД во 12: Најновите вести од Охрид четврток 03.10.2024 година (Видео)

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.