Охрид, 22. април 2026 (ИНПРЕС) – „Парламентарен караван“ на 28. април на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Настанот е дел од програмата на Собранието на Република Македонија за 2026 година, чија цел е да ја доближи работата на законодавната власт до граѓаните, особено до младите и студентите.
– По воведното обраќање, предвиден е квиз за студенти, потоа модерирана дискусија меѓу учесниците и пратениците и вмрежување со студенти, велат организаторите.
Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на факултетот со почетокот во 11:00 часот и е одлична можност за подобро разбирање на законодавниот процес, поттикнување на граѓанска активност и активно учество во општествените текови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
