Загреб, 8. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Во Хрватска започнаа парламентарни избори.
Во 7:00 по локално време се отворија избирачките места. Во земјата и во странство, нивниот број е околу 6900, пренесоа агенциите.
Според ЦИК на Хрватска, право на глас ќе имаат околу 3,8 милиони луѓе. Меѓу нив ќе има и многумина регистрирани жители на Босна и Херцеговина, кои имаат двојно државјанство. Изборите ќе завршат во 19:00 по локално време.
Според аналитичарите борбата на изборите ќе се одржи помеѓу две коалиции – социјалдемократската “Хрватска расте” на актуелниот премиер Зоран Милановиќ против десноцентристичката “патриотски коалиција” со Томислав Комарко на чело. Вкупно на изборите ќе учествуваат 60 партии – како самостојно, така и во коалиции. Според аналитичарите токму од помалите партии ќе зависи формирањето на идната владина коалиција.
За да влезе во парламентот една партија треба да собере не помалку од 5% од гласовите. Хрватскиот Сабор -народно собрание е еднодомен. (Крај)
извор: index.hr фото: архива