Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Парулеска: За мене теквондото значи живот, за да се постигне тронот на Европа треба многу труд и тренинзи

Парулеска: За мене теквондото значи живот, за да се постигне тронот на Европа треба многу труд и тренинзи

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. април 2023 (ИНПРЕС) – Бројни охриѓани, но и помлади теквондисти со оваации и аплаузи го поздравија враќањето на европската златна кадетка Христијана Парулеска и останатите македонски репрезентативци во традиционално теквондо од Европското првенство во Јесоло, Италија.

Парулеска видно возбудена се заблагодари за свечениот пречек и поддршката што ја добивале. Христијана во силна конкуренција и далеку побројни репрезентации успеа да освои сребро во борба со замислен противник и злато во борби, со што се искачи на европскиот трон.

https://youtu.be/LZXMv0o-_Z0

Освојувајќи ги двете одличја, на Парулеска на посебна церемонија ѝ беше врачен пехар, прва таква награда што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат.

– Многу сум возбудена, сакам да се заблагодарам на сите што дојдоа да ме дочекаат. Најголоем предизвик ми беше полуфиналето, со девојчето од Хрватска. За да се постигне тронот на Европа треба прво многу напор, многу труд и вежбање и тренинзи. За мене овој спорт значи мојот живот, изјави Парулеска.

Нема достапен опис

Селекторот на Македонската традиционална теквондо федерација (МТТФ), Марјанчо Лазаревски успехот на ова првенство го окарактеризира како историски, а му претходеле напорни подготовки и надеж за успех.

– Се подготвувавме, се надевавме на успех, златото за нас како мала репрезентација секогаш беше недостижно. Освојувањето пехар за најдобар поединец во споредба со поголемите репрезентации што бројат по 120-150 натпреварувачи, а ние само со седум учесници, е невозможна мисија. Ова е историски успех, прв пехар што некој натпреварувач во поединечна конкуренција го освоил за најдобар поединец. Европски шампион и најдобар меѓу најдобрите. Овој успех тешко дека ќе може да се повтори, а секако ќе се трудиме. Најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, како и до Општина Охрид и до Агенцијата за млади и спорт, потенцира Лазаревски.

Охридските спортисти беа пречекани и од градоначалникот Кирил Пецаков, кој потенцира дека за да имаме што е можно повеќе вакви успеси поддршката мора да продолжи на многу повисоко ниво.

– Горд сум што Општина Охрид можам да кажам дека е општина број еден по однос на поддршка на спортот. Од наша страна поддршката ќе продолжи, покрај финансиска и преку вложување во спортската инфраструктура. Факт е дека поддршката од приватниот сектор е неизбежна, ова е еден од светлите примери, кога одредена фирма поддржува еден спорт. Посакувам многу успеси и во иднина, рече Пецаков.

Теквондистите тука не застануваат и веќе ќе стартуваат со подготовки и тренинзи за следните предизвици. Ги очекуваат Меѓународниот отворен турнир „Зворник“ во Босна и Херцеговина, на почетокт на јуни „Софија Опен“, на 24-ти јуни ќе следи „Охрид Опен“, а се надеваат и на учество на Светското првенство во Казахстан, Астана. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Овој петок Охрид домаќин на регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената
Next ДИЖС изврши увид, ќе води инспекциска постапка за нафтената дамка во каналот „Студенчишта“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.