Скопје, 22. мај 2026 (ИНПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Настески – Пајак има нов сингл, соработка со Јован Јованов и Елвир Мекиќ.
Песната е насловена „Делириум“ и е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, што ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.
– После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна „Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме
сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е „заразна“ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина и публиката ќе пее со нас, вели Јован.
Освен Пајак, како гости на концертот се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, и специјален гостин – долгогодишен соработник на Јован и Елвир.
За концертот е најавен и посебен дрес-код „Аll white“, односно сите посетители се повикуваат да бидат облечени во бело, со што и арената ќе добие уникатен визуелен изглед. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
