June 22, 2016

Белград, 22. јуни 2016 (ИНПРЕС) – Српските медиуми информираа за несреќата со словачкиот автобус, каде вчера загинаа пет лица.

Возачот на автобусот изгубил контрола, излетал од патот и го превртел автобусот.

Во автобусот патувале Чеси, Словаци и Унгарци. Тие се враќале од одмор на грчкиот остров Крф, организиран од туристичката фирма Aeolus.

Вкупно во автобусот патувале 29 лица. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива