Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пецаков за „Студио 10“: Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид

Пецаков за „Студио 10“: Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид

1 min read

Охрид, 13. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Се постигнаа добри суми по јавното наддавање за закуп на урбана опрема, шанкови во Охрид, кои на годишно ниво, барем оваа прва година ќе достигнат колку приходот од туристичка такса собрана мината година, изјави за „Студио 10“ на Телевизија 24 градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Комисијата издаде можност за издавање на 14 локации за поставување урбана опрема.

– Ќе има шанк од 8 или 10 квадрати зависно од површината што се изнајмува, треба да биде од природни материјали како дрво итн и урбана опрема, поставување маси и столици врз основа на увид од комисија. Локациите требаше да испонуваат три услови: приклучок за вода, приклучок за струја и секако приклучок на колектор, реча Пецаков.
Потенцира дека како општина се задоволни од приходот остварен по овој основ, Охрид е подготвен да ги пречека туристите, а луѓето ќе имаат можност каде да се рекреираат.

По две години пауза, Општина Охрид во мај оваа година распиша оглас за поставување урбана опрема – шанкови во Охрид за периодот 2023-2026 година. На повикот пристигнаа вкупно 59 понуди, од кои 49 беа со комплетна документација.

Нема достапен опис.

Најголемо внимание очекувано привлекоа локациите кои се најблиску до градот, каде и претходно имаше популарни објекти. Дел од нив на јавното наддавање ги добија оние кои последно стопанисуваа со истите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Атлетичарот Јован Стојоски на подготовки во Охрид, ќе учествува на Европско екипно првенство во Полска
Next Прекин во водоснабдувањето на потегот од ЕВН до Пожарна

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.