Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пецаков: Охрид бара лидерство и конкретни дела, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО

Пецаков: Охрид бара лидерство и конкретни дела, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО

Пецаков: Охрид бара лидерство и конкретни дела, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките на УНЕСКО

Париз, 11. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наследство заштитено од УНЕСКО, ова меѓу другото го истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на средбите со високи претставници на УНЕСКО во Париз.

Посетата ја оценува како исклучително значајна, бидејќи за првпат еден градоначалник на Охрид остварува директна средба со Генералниот директор на УНЕСКО.

– Моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции – дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита; работиме на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство, а ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап, вели Пецаков.

Нагласи дека Охрид бара лидерство и конкретни дела, а оваа посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за нашето наследство, со конкретни чекори да ја оправдаме довербата и да го заштитиме нашето природно и културно богатство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Неплатени сметки го оставија без струја студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид
Next „Приказната за Силјан“ вечерва премиерно во Охрид

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.