Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Писателот Ѓорѓе Матиќ ќе го промовира романот „Од никаде со љубов“ во Скопје

Писателот Ѓорѓе Матиќ ќе го промовира романот „Од никаде со љубов“ во Скопје

1 min read

Скопје, 13. септември 2023 (ИНПРЕС) – СПОНА – Српскиот културно-информативен центар во Македонија во четврток, на 14-ти септември, во Конференциската сала на Јавна соба (Public Room), со почеток во 19:00 часот, организира промоција на романот на Ѓорѓе Матиќ – „Од никаде со љубов“.

Со присуство на авторот, за неговото творештво на промоцијата ќе зборува професорката Елизабета Шелева, а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

Еден од водечките регионални писатели, публицисти, преведувачи… на нашето време, извонредниот Ѓорѓе Матиќ за првпат ќе се претстави во Скопје. Роден е во Загреб во 1970 година, во 1991 година замина во Италија, а потоа во Холандија, а по речиси три децении живот во егзил, сега живее во Пореч.

Во богатиот литерарен опус на Ѓорѓе Матиќ, освен споменатиот роман „Од никаде со љубов“, се и стихозбирките „Друг звук“ и „Шифрирано, биографија – нови и избрани песни“, како и есеите за музика „Тајни врски“ и збирка есеи за српската култура „Историја и современици“.

Значаен податок во професионалната биографија на Матиќ е и „Лексиконот на ЈУ митологијата“, кој тој го уредувал и каде беше коавтор.

Ѓорѓе Матиќ во овој период е член на редакцијата на загрепското списание „Просвјета“ и соработник на магазинот ОКО на Радио Телевизија на Србија.

извор: ИнПрес фото: Драган Мујан

Post navigation

Previous Во јули Македонија ја посетиле над 100 илјади странски туристи, најмногу од Турција, Србија и Полска
Next Промовиран видео записот за „A New Day“, новиот сингл на Владимир Василески- Четкар

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.