Софија, 21. мај 2016 (ИНПРЕС) – Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев објави дека нема да се кандидира за вториот мандат на изборите предводени за октомври.
– Со мирна совест објавувам дека нема да учествувам на претстојните претседателски избори од лични причини, изјави Росен Плевнелиев, без да ја појасни причината за својата одлука.
Политичките коментатори во овој потег на Плевнелиев гледаат критика упатена на сметката на владејачките парти од десниот центар, ГЕРБ и Реформскиот блок, кои се обвинувани дека попуштаат пред националистичките притисоци. Но оваа одлука може да се протолкува и како реакција на тоа што бугарскиот парламент претходно седмицава го отфрли ветото на Плевнелиев на измените на изборниот законик. Претседателот Росен Плевнелиев, од редовите на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, се противеше на одредбата којашто предвидува ограничување на гласањето на Бугарите во странство.
Противниците го обвинуваат премиерот Борисов бидејќи нема парламентарно мнозинство зависи од 18-те пратеници на Патриотскиот фронт. (Крај)
извор: Локално фото: архива