Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

1 min read
Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Скопје/Охрид, 5. мај 2026 (ИНПРЕС) – Деновиве повторно е забележана зачестена појава на испраќање лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk .Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот, велат од МВР.

И бројни охриѓани се жалат дека добиле вакви пораки, меѓунив има и такви кои воопшто и не се возачи, а им стигнале пораки за направен прекршок.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.

Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира и да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МВР/архива

Post navigation

Previous По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид
Next Прекин во водоснабдувањето во делови од Стар град

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.