Атина, 15. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и комесарот Димитрис Аврамопулос ќе го посетат грчкиот остров Лезбос, за да се запознаат на место со условите за прием на имигранти.
Областа станала постојано место на черепи за имигрантите кои патуваат по море. Бројот на удавените мигранти во Егејското Море се зголеми со смртта на жена, доенче и девојче при инцидент со брод, кој се случил недалеку од островот Лезбос, соопшти грчкото Министерство за морскaта флота.
21 мигрант биле спасени и однесени во Турција. Телата на трите жртви биле пронајдени од нуркачи под превртениот брод, во кој се возеле. (Крај)
извор: Фактор фото: архива







