Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Повторно штрајкови во Грција

Повторно штрајкови во Грција

1 min read

Атина, 4. декември 2015 (ИНПРЕС) – Јавниот транспорт и јавните служби вчера во грчката престолнина Атина беа во втор генерален штрајк во последните неколку седмици, но според медиумските извештаи тој мобилизирале нешто помал број луѓе кои се незадоволни со реформите во пензискиот систем коишто грчката влада мора да ги спроведе според договорот со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во замена за третиот пакет надворешна финансиска помош во износ од 86 милијарди евра.

Според процените на атинската полиција, 8.000 луѓе учествувале во протесната поворка во центарот на грчката престолнина, на повик на комунистичкиот синдикален фронт PAME, а 6.500 луѓе во другата поворка која ја преводеа двата најголеми синдиката GSEE, на приватниот, и ADEDY, на работниците во јавниот сектор. На претходниот штрајк одржан на 12-ти ноември учествуваа околу 20.000 луѓе.

Синдикатите повикаа на овој штрајк протестирајќи против големата реформа на пензискиот систем која владата на коалицијата на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас, мора да ја започне на почетокот од 2016 година, за да ги почитува обврските кои во јули ги презема кон доверителите. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous „Фајненшл тајмс“: Грција надвор од Шенгенот ако не воспостави контрола на границите
Next Босанските муслимани против радикализирањето на муслиманската заедница

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.