Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Подобрена хидролошката состојба на Охридското Езеро, но и натаму е под просекот

Подобрена хидролошката состојба на Охридското Езеро, но и натаму е под просекот

1 min read

Охрид, 19. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Врнежите од дожд што ги имаше периодов позитивно влијаеа на хидролошката состојба на Охридското Езеро, но сепак недоволно да го достигне просекот за овој период.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,57 м.н.в, што е за 8 сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в), односно 47 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 20 степени и е скоро половина степен повисока во однос на јунскиот просек.

Последнава недела езерското ниво е покачено за цели 4 сантиметри.

Можно е да е слика од нацрт и текст кој вели „землоделство -управа хидрометеоролошки работи- табела станица легуновце неделна хидролошка информацила за природните езера водостои прикажани 07:30 часот cm 13.06.23 14.06.23 15.06.23 16.06.23 57 вардар 7.06.23 18.06.23 19.06.23 86 просек 128 170 168 72 156 144 142 212 124 168 68 164 100 95 река река дрим 112 65 58 26 72 58 146 74 60 62 84 22 73 92 146.71 нд нд 146.71 842.22 ез.охрид 146.71 146.72 146.72 146.72 температурина вода ез.доран 24.8 наколец ез.преспа 17.5 20.0 07:30 часот 25.0 17.5 693.56 693.5 18.0 24.8 18.0 19.5 24.2 19.6 изработил:д проверил:ау 20.0 в.д. директор, тодоровски вештачко“

Во Охрид денес сончево и значително потопло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Денес и утре краткотрајно ќе биде постабилно и значително потопло. Во среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови локален пороен дожд и појава на грмежи, а во деновите кон викендот ќе има појава на пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер повремено и во останатите делови од земјата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Минатата година во Охрид починале 741 лица
Next 29 екипи ќе учествуваат на 48-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.