Полицијата ноќеска пронајде марихуана кај млад стружанец на булеварот „Туристичка“
October 5, 2024

Охрид/Струга, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти октомври 2024 година, во 01:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведено е 21-годишно лице од Струга, кај кое, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес