Охрид, 1. септември 2023 (ИНПРЕС) – Новата учебна година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид започна онлајн.
Причина се градежните активности што се во завршна фаза и ќе траат уште 15 до 20 дена. За ова учениците биле навремено информирани.
– Почнавме со онлајн настава бидејќи уште се одвиваат градежни активности што се во завршна фаза. Ќе траат уште 15 до 20 дена, според извествањето од инвеститорите.
Се работи на комплетна реконструкција во училиштето и во ученичкиот дом. Учениците беа информирани за ова, сега ќе работат онлајн, во следниве од прилика две недели, изјави за Супер радио и InPress директорот на училиштето, Марјан Радески. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес







