Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Постои ризик Грција да излезе од еврозоната

Постои ризик Грција да излезе од еврозоната

Атина, 12. февруари 2016 (ИНПРЕС) – Ако властите во Атина не покажуваат кредибилни реформите, особено во пензискиот систем, Грција уште еднаш ќе се соочи со опасност од напуштање на еврозоната, изјави високиот официјален претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Пол Томсен.

– Ние треба да видиме кредибилен план со кој Грција ќе постигне многу амбициозен среднорочен целен суфицит, вели Томсен, кој е директор на одделението на ММФ за Европа.

Во првата половина на 2015 година, се зголеми стравот од потенцијален излез од еврозоната на задолжената Грција, кога официјална Атина беше во технички банкрот на основа на заостанати долгови кон ММФ. Од тогаш Европската унија ѝ додели на Грција голема програма за финансиска помош (на која ММФ не се приклучи), во замена за економски и пензиски реформи кои се предмет на жестока дебата во Грција. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Столтенберг: НАТО да помага околу бегалците на Егејско Море
Next Србија испрати писмо до Хашкиот трибунал

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.