Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Култура
  • Почина Дарко Гашпаровиќ – Добитник на светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот

Почина Дарко Гашпаровиќ – Добитник на светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот

1 min read

Загреб, 9. јануари 2017 (ИНПРЕС) – Вчера почина проф. д-р Дарко Гашпаровиќ, еден од најголемите и најпознатите хрватски проучувачи и истражувачи на македонската култура и уметност.

Гашпаровиќ беше професор на Универзитетот во Риека, а минатата година ја доби светската награда за хуманизам на Охридската академија на хуманизмот. Со оваа награда тој се вброи во редот на врвните светски претставници на хуманистичката мисла кои ја добија оваа висока и престижна награда, а меѓу кои се и Солжењицин, Рави Шанкар, нобеловката Херта Милер и други.

По повод добивањето на ова високо признание, Издавачката куќа „Феникс” ја објави книгата „Писмото низ вековите” од Дарко Гашпаровиќ во која тој прави пресек и се осврнува на Кирило-Методиевската традиција преку светите Климент и Наум.

Гашпаровиќ во овој редок и значаен научен труд се осврнува и задржува и на други пројави од македонската култура, а како автор е познат по своите стручни огледи и студии за водечките претставници на македонскиот театар: Коле Чашуле, Живко Чинго, Јордан Плевнеш, Слободан Унковски, Владо Цветановски, Дејан Пројковски и други.

Непосредно пред смртта излезе од печат книгата со есеи „Златно руно” од Дарко Гашпаровиќ, кој беше член на Хрватското друштво на писателите и еден од водечките хрватски мислители и интелектуалци. Тој посебно се занимаваше со хрватско-македонските културни односи и врски. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Post navigation

Previous Серија експлозии во центарот на Атина
Next Во Сенатот на САД поддржано членството на Црна Гора во НАТО

Слични вести

Претставата „Парите се отепувачка“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид Претставата „Парите се отепувачка“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
1 min read

Претставата „Парите се отепувачка“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид

Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март
1 min read

Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март

Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“ Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска утревечер во Рим ќе ја одигра Росина во „Севилскиот бербер“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.