Софија, 30. јануари 2015 (ИНПРЕС) – На 79 годишна возраст, денес почина Жељу Желев, дисидент и првиот некомунистички претседател на Бугарија од 1990 до 1997.
Претседателот на парламентот, Цецка Цачева пред собранието соопшти дека придонесот на Жељев за демократскиот напредок и европскиот пат на Бугарија сегогаш ќе биде запаметен од страна на општеството.
Еден од ставовите на Желев во однос на надворешната политика , беше дека признавањето на Македонија бил вистински потег и вистинската политика. (Крај)
извор: novinite фото: архива