January 21, 2015

Загреб, 21. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Познатиот сараевски кантавтор Кемал Монтено почина во 67. година од животот во Загреб.

Според хрватските медиуми, Монтено починал во загребскиот клиничко-болнички центар „Ребро“ по компликациите кои се случиле по извршената трансплантација на бубрег.

Монтено последните години имаше многу проблеми со здравјето, од 2011. година беше на дијализа, а поради проблеми со дијабетесот му беше вграден и бајпас. Во болница беше примен кон крајот на декември минатата година, а трансплантацијата на бубрег беше извршена на почетокот на јануари.

Важеше за еден од најплодните автори во некогашна Југославија. како старт на неговата кариера се смета настапот на еден од најпопуларните фестивали од шеесеттите години од минатиот век „Вашиот шлагер на сезоната“ со песната „Лидија“.

Во неговите 15 албуми колку остави зад себе се и хитови како „Земјо моја“, „Сараево, љубов моја“, „Није хтела“, „Далеко“ и многу други.

Монтено беше семеен човек. Од бракот со сопругата Бранка ги имаат ќерката Адријана и синот Џани. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива