Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почина Чарлс Симиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Почина Чарлс Симиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Њујорк, 10. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017.

Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 година. Важеше за еден од водечките поети во светот. Неговата поезија, како што рекоа тогаш од СВП, е страсно и луцидно сведоштво на новото време. Содржи моќни асоцијации за новиот глобален план на песимизмот, за политичката неодговорност, за исчезнувањето на убавото во човекот.

Како преведувач, Симиќ е особено значаен зашто на англиски превел поголем број јужнословенски поети како Васко Попа, Иван В. Лалиќ, Љубомир Симовиќ, Милорад Павиќ, Славко Михалиќ, Томаж Шаламун, а од Македонија го превел Славко Јаневски.

Поезијата на овој професор по книжевност на Универзитетот во Њу Хемпшир,  се оценува како интригантна, шокирачка, медитативна, но и полна со ироничен хумор. Неговото творештво се одликува со оригиналност и со тоа што е лишено од какви било украси, и секогаш читателот го чека последниот стих, во кој авторот поентира, го прави пресвртот и ја „онеобичува“ стварноста.

Чести теми во опусот од дваесеттина поетски книги кај Симиќ се смртта и војната, историјата и индивидуализмот видени на различен начин низ неговите фази. Отпрвин тој пишува од набљудувачка позиција, а потоа градира во политичко агресивна поезија. Последниве години поезијата на Симиќ наликува на медитативни монолози и филозофски расправи.

Тој е добитник и на наградата „Едгар Алан По“, на Грифиновата награда, „Валас Стивенс“, потоа на Американската акдемија и многу други најврвни светски награди за книжевност.

Симиќ во Струга бил во 1972 година, а во Скопје во 1982 година, па пред доаѓањето во 2017 рече дека со нетрпение очекува да ги види старите и да запознае нови пријатели, и кажа: „Листата на вашите поранешни добитници е толку знаменита, што јас не сум чул за друга поетска награда каде било во светот што може да се мери со неа“.

Од 1999 напишал 175 есеи и песни за „Њујорк ривју“. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous „Гладијаторите“ ги стартуваа подготовките за плеј-офот
Next Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.