Атина, 25. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Потрес со интензитет 5.2 е регистриран во Северна Грција рано утрово, соопшти грчката служба за сеизмичка активност.
Земјотресот се случил во 3,16 часот. Епицентарот е локализиран на 20 километри од северниот град Арта и на 249 километри североисточно од главниот град Атина.
За среќа нема повредени. (Крај)
извор: novinite фото: архива