October 19, 2015

Солун, 19. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Делегација од десет секторски претседатели, предводена од претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, под покровителство на Универзитетот Колумбија во САД, учествуваат на привот грчко – македонски бизис форум.

На највисоко ниво бизнис делегациите од двете земји, градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, претседателот на Грчката интернационална бизнис асоцијација, Киријакос Луфакис, амбасадорот на Република Македонија во Грција, Дарко Ангелов, заедно со експерти по бизнис и економија од Универзитетот Колумбија во САД, дискутираа за зближување на бизнис релациите меѓу двете земји. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива