Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Предлог-резолуцијата за Сребреница ја изненади Србија

Предлог-резолуцијата за Сребреница ја изненади Србија

1 min read

Белград, 23.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Британската предлог-резолуција за најостра осуда на геноцидот во Сребреница ги изненади Србите. „Србија не ја разбира смислата ни целта на таа резолуција“, регира официјален Белград  во писмото до постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Српските власти во ваквиот потег гледаат ризик од дестабилизација на ситуацијата во регионот и политичките односи во Србија. Велат, каква било резолуција нема да придонесе за помирување во регионот, туку, напротив, ќе предизвика тензии и недоразбирања. Во писмото се потенцира и дека наследството на минатото не смее да биде пречка за заедничка иднина.

– Република Србија им оддава почит на сите жртви на конфликтите на просторот на поранешна Југославија, со цврсто уверување дека сеќавањата и активностите, чија цел е минатото да не се заборави, треба да бидат исклучиво во функција на помирувањето и промовирањето на регионална соработка и добрососедство,  пишува во писмото.

Нацрт-резолуцијата Велика Британија ја предложила по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница. Целта е да се осуди секакво негирање на геноцидот и да се повикаат земјите-членки на ОН во своите образовни програми да ја вклучат наставата за геноцидот и воените злосторства низ историјата за тие да не се повторат.(Крај)

извор:Телма   фото:архива

Post navigation

Previous Нов круг на преговори меѓу Белград и Приштина
Next Шестмина имигранти загинаа при потонување на чамец крај Бодрум

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.