June 24, 2015

Атина, 24. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Во направените предлози од Грција кон доверителите, се уште има некои недостатоци, а времето им истекува, пишува весникот Kathimerini, повикувајќи се на европски извор.

Министрите за финансии од еврозоната денеска ќе се состанат повторно во Брисел за да разговараат за економските предлози на Грција, во обид за напредок кон потпишување на договор, а грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да побара начини за надминување на преостанатите пречки во разговор со Жан-Клод Јункер, Марио Драги и Кристин Лагард.

Во направените предлози се уште има некои недостатоци, а времето истекува. Тој додаде дека предлозите на Грција прекршуваат многу од “црвените линии” на доверителите за стапките на ДДВ и пензиите.
Германски медиуми објавија дека ММФ ги укорува европските претставници дека се премногу меки со Грција, а ЕУ го обвинува Фондот дека нема желба за постигнување договор. (Крај)

извор: Kathimerini фото: архива