Атина, 30. декември 2014 (ИНПРЕС) – Предноста на грчката лево ориентирана опозициска партија Сириза пред владејачката Нова демократија се намали на околу 3%, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција.
Анкетата, спроведена од страна на агенцијата Марк, по нарачка на грчката телевизија Алфа, покажува дека Сириза, која се противи на мерките за излез од економската криза, ја има довербата кај 28,1% од гласачите. Нова демократија на премиерот Самарас ја поддржуваат 25,1% од учесниците во анкетата. Партијата на социјалистите Пасок ужива доверба кај 4,6% од анкетираните грчки граѓани.
Вчера Грција не успеа да избере претседател во третиот круг од гласањето. Предвремените избори во земјата ќе се одржат на 25-ти јануари. (Крај)
извор: АФП фото: архива