Охрид, 24. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето на неколку улици.
– Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Македонски Просветители“, на потегот од пресекот со улицата „Дејан Војвода“ до пресекот со улицата „Абас Емин“. Покрај тоа, поради интервенција без вода ќе бидат и корисниците на улицата „Кленоец“ информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до завршување на работите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
