Охрид, 22. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“ денес има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици.
– Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“ и дел од Булевар „Туристичка“ (зградите кај кружниот тек), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







