Охрид, 6. март 2024 (ИНПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот, во период од 2 до 3 часа, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан до Здружение на возачи, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен и работат на средување на состојбата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







