Охрид, 23. јули 2024 (ИНПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“.
– Без вода ќе бидат жителите на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од охридски „Водовод“.
Нивни екипи се на терен и работат на санација на дефектот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива