September 28, 2014

Белград, 28. септември 2014 (ИНПРЕС) – Припадници на српската Жандармерије денес го претепале Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер Александар Вучиќ и уште три лица од личното обезбедување на премиерот на Србија, јави Телеграф.рс.

– Братот на Александар Вучиќ е претепан од припадници на Жандармеријата, изјавил за порталот близок извор до српскиот премиер.

Поради сериозноста на повредите, Андреј Вучиќ бил веднаш пренесен на ВМА.

– Андреј Вучиќ во моментот на нападот бил заедно со три лица од обезбедувањето, кои ги добил од државата како член на семејството на премиерот. Во центарот на Белград денес биле се распоредени силни полициски сили поради геј парадата, а припадниците на Жандармеријата го нападнале Вучиќ, откако претходно се обиделе да го легитимираат, заедно со неговото обезбедување. Инцидентот се случил во близина на „Славија“. Прво започнала вербална расправија, која прераснала во тепачка, изјавил за порталот истиот извор.

Foto: S. Pikula

Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ денес за 15:00 часот закажа вонредна конференција за новинарите. (Крај)

извор: Телеграф.рс фото: архива