Скопје, 1. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.
Во 2010 година Иванов го награди Желев со највисокиот македонски орден „8-ми Септември“ за неговите големи заслуги во процесот за признавање на независноста на Република Македонија. Во писмото до претседателот Росен Плевнелиев, Иванов подвлекува дека „Желев беше вистински пријател на Република Македонија“.
– Република Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот за меѓународно признавање под нејзиното уставно име. Ние сме благодарни за неговиот личен придонес во изградбата, развојот и зајакнувањето на билатералните односи, се вели во писмото на Иванов.
На погребот на Желев ќе присуствуваат уште и претседателите на Албанија и Косово, Бујар Нишани и на Косово Атифете Јахјага.
Бугарија денес се простува од претседателот Жељу Желев во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ во Софија. (Крај)
извор: Бгнес фото: архива