Атина, 9. декември 2014 (ИНПРЕС) – Првиот круг на претседателските избори во Грција ќе биде поместен два месеци порано од предвиденото.
Владата одлучи да биде на 17 декември. Според планот изборите требаше да се одржат на 15 февруари 2015 година.
Одлуката е директно поврзана со намерата на доверителите на Грција да ја продолжат финансиската помош за земјата за два месеци. Целта на Кабинетот е да биде избегната политичката несигурност. Главната опозициска партија во Грција – радикалната левица “Сириза” ја поздрави одлуката на кабинетот.
Евентуалниот неуспех на претседателските избори, кои се одвиваат во три круга, ќе доведе до предвремени парламентарни избори. Кабинетот на премиерот Андонис Самарас се наоѓа под силен притисок од јавноста, откако оваа недела најави нови мерки за штедење при претставувањето на буџетот на земјата за следната година. (Крај)
извор: БГнес фото: архива