Охрид, 13. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Театарската претстава „Генијална идеја“ вечерва на репертоарот на Народниот театар од Охрид.
Делото е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Во дуо драмата, улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, а костимиографијата на Мимоза Тодоровска.
Претставата е со почеток во 20:00 часот, на малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Билетите по цена од 300 денари се продаваат на билетарата при Центарот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
