Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација на 18-ти ноември премиерно во Охрид

Претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација на 18-ти ноември премиерно во Охрид

1 min read
Претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација на 18-ти ноември премиерно во Охрид

Охрид, 13. ноември 2024 (ИНПРЕС) – „Земја на штркови“ е насловена претставата што во понеделник, 18-ти ноември од 20:00 часот премиерно ќе биде извдена во Центарот за култура „Григор Прличев“, а во продукција на Театар Провокација од Скопје.

Претставата е работена по мотиви од текстот „Топлината во ноември“ на Јана Добрева, а е во режија на Роберт Ристов.

Дејството на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од Македонија. Едниот – разделен пред 20-на години, а другиот – го живее моментот на разидување од истите причини.

– „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума, велат од Театар Провокација.

Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски.

„Земја на штркови“ ќе се прикажува и во Свети Николе, Пробиштип, Велес и Скопје. Репризно во Охрид ќе биде изведена на 10-ти декември. Претставата е делумно поддржана од Општина Охрид и од неколку општествено одговорни македонски компании. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Директорката на Агенцијата за туризам им ги раскажа убавините на Охрид на полските туристи
Next Прекрасен сплет од три познати охридски авторски песни на маестро Џеват Рамаданоски и група „Чардак“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.