Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Утревечер на реперотарот на охридскиот народен театар повторно е претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

Станува збор за драмски текст кој имаше извонредно силно влијание врз уметноста од втората половина на XX век, давајќи совршен драмски израз на чувството на апсурдност во современиот свет. Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето. Иако, всушност, ништо не се случува, тоа недејство е исполнето со придушена нелагодност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи. Чекањето подразбира пасивност. Но таа пасивност е многу сложена и на физичко и на психолошко ниво. Како и егзистенцијалистичкиот очај кој е некогаш притаен, некогаш отворен, и психолошкото измачување насочено кон другиот лик е некогаш притаено, некогаш отворено, а често добива и форма на рамнодушност. Чекајќи го Годо останува една од најмагичните и најдобри алегории за нашето време.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Бојан Трајкоски.

Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Next Охридски компании дел од традиционалниот Саем за венчавки „Wedding Expo24“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.