Приштина, 21.јули 2015 (ИНПРЕС) – Полицијата на Косово синоќа во Пеќ, како што јавуваат косовските медиуми, го привела претседателот на Апелациониот суд Сали Мекај.
Притоа се наведува дека тоа било сторено додека преговарал за ослободување во врска со еден случај на приведување лице кој поседувало дрога. Заедно со него била уапсена и една жена чиј идентитет не бил соопштен.
Медиумите јавуваат дека полицијата извршила претрес во куќата на Мекај.(Крај)
извор:Р.С.Е фото:архива







